Press "Enter" to skip to content

На Француските гробишта во Битола комеморација за Денот на помирувањето во Првата светска војна (фотогалерија)

Денес на Француските гробишта во Битола традицонално, како и во изминатите повеќе од 16 години, во Битола се одржа комеморација по повод Денот на примирјето во Првата светска војна, (“Commémoration du 11 novembre 1918”) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), кое го организира Француската амбасада во Македонија.Амбасадорите на Германија, Петра Дрекслер и на Франција, Сирил Бомгартнер, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претставници на конзуларни претставништва во Битола, го одбележаа 11 ноември, Ден на примирјето од Првата светска војна и Ден на народната жалост.Денес комеморацијата се одржа по повод повод 105-годишнината од Денот на помирувањето во Првата светска војна, во 1918 година.Традиционално венец на костурницата кај Француските гробишта заедно положија Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција и Амбасадорите на Германија, Петра Дрекслер, а претходно во заеднички говор рекоа:-Пред повеќе од еден век на ова тло стотици илјади војници ги загубија животите, многумина паднаа во борба, а многумина ги загубија животите поради болести. Тоа беа Французи, Германци, Бугари, Срби, Грци, Англичани, Италијанци, Руси. Многу страдаше и цивилното население, Битола беше на линијата на фронтот, градот беше изложен на секојдневни бомбардирања и судири на војниците. Денес им оддаваме почит на сите овие луѓе, на жртвите од цивилното население и на оние на линијата на фронтот. Сакаме да се сеќаваме од почит кон нив и на кон минатото, но сакаме да се сеќаваме и за иднината на нашите деца. Војната се врати во Европа, оваа нова војна е како претходните кои ги знаевме. Војна на агресија. Грешките од минатото се повторуваат. Не можевме да ја спречиме но не ја прифаќаме. И на други места ја гледаме исто така. Денес повеќе од порано мора да се потсетиме дека мора да учиме од нашите грешки, за да не ги повториме. Да се негува силата на помирувањето.На господинот Кристија Бујо пред спомен костурницата на Француските гробишта му беше врачено одликувањето “Крстот на борецот“. Бујо во 1982 година на 20 години се приклучил на Првиот пешадиски полк и учествувал во сите воени операции во Франција и странство, особено за време на нападите во Бејрут. Бујо бил и дел од тимот за обезбедување на Светското првенство во Франција на тимот на Мароканската фудбалска репрезентација. како дел од мобилната жандарминерија и добил високи признанија. Престијувал и во Македонија како дел од лично обезбедување на амбасадор.На комеморацијата, цвеќе положија министерката за култура градоначаникот на Битола – Тони Коњановски, претседателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска,  дипломатски претставници во државата, почесните конзули во Битола, ветераните од Франција и Сојузот на борци од Битола…На крајот на комеморацијата сите заедно им оддадоа почит на загинатите, а беа интонирани Француската, Македонската и Германската химна.

Текст и фото: Сашо Ристевски