Тетекс – Пелистер 0:1 (0:1)
Екипата на Пелистер во рамките на 12. коло од Втората фудбалска лига на Македонија гостуваа во Тетово, каде ја победија екипата на Тетекс и со три нови бода се враќаат во Битола.
Победничкиот гол за тимот на Пелистер го постигна Стефан Костов во 5 минута.
Пелистер со 24 освоени бода е на 3. место на табелата во Втората македонска лига. На првото место е Беса која по 12 одиграни кола има 31, пред Детонит Плачковица со 26 бода. 4. место го делат Беласица и Охрид со 20 бода.
По репрезентативната пауза Пелистер го пречекува Башкими во Битола на 25 ноеври.