Press "Enter" to skip to content

Одржани први универзитетски натпревари во куглање  на УКЛО Битола (фото)

Во Кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола  во соработка со Кугларската Федерација на Република Северна Македонија, организираше натпревари во куглање за студентите,  наставниот и адмнинистративен кадар на Универзитетот.Пред почетокот на натпреварите, на присутните им се обрати ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, којшто нагласи дека куглањето за првпат се организира на УКЛО и целта е, во текот на пролетниот дел наредната година, да се организира систем на натпревари, за студентите на УКЛО, со намера за проширување и на државно ниво.Натпреварите ги следеше и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска. За најдобрите поединици по завршувањето на официјалниот дел од натпреварувањето беа додели дипломи и благодарници.Најуспешни куглари меѓу студентите беа Кристијан Саламовски од Ветеринарниот факултет – Битола, Емилија Соклевска, од ФИКТ – Битола и Кристијан Велјановски, ФБТН – Битола.Во категоријата наставен и административен кадар најдобро се пласираа: Бојан Михајловски од Ректорат на УКЛО, Јосиф Петровски, професор од Педагошкиот факултет – Битола и Васко Сиваков, од Ректоратот на УКЛО.УКЛО продолжува со организација на спортски натпревари во шах, пинг-понг и пикадо.