Денес во посета на Битола претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со дел од неговиот тим, беше пречекан од градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеничките Олга Лозановка и Силвана Ангелевска, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Опптина Битола, директорите на јавните претријатија, членови и симпатизери на партијата.Пред Мицковски да направи обиколка на градежните работи во Горно Оризари зборуваше пред новинарите за идните планови, за вложувањата во Битола кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада после парламентарните избори кои ќе се случат на пролет идната година.
-Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе помогне во Битола да се изградат сообраќајните влезови во градот од страната на Прилеп и на Ресен, а ќе финансира и проект за изградба на спортски центар вреден 10 милиони евра, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Битола, а најави инвестиции вредни 46 милиони евра во Битола.
-Сакаме да поразговараме за она што е важно за битолчани, а кое што понатаму би било дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори кои ќе се случат за неколку месеци од денес. Сега се наоѓаме на влезот на Битола од страната на Прилеп за кој ќе се реализира проект кој е вреден 2,5 милиони евра, или 150 милиони денари, и ако на тоа се додаде експропријацијата би достигнал вредност од 180 милиони денари. Ова е проект што очекуваме да биде опфатен со реструктуирањето на буџетот на крајот на годината, сега во декември, и преку амандманска интервенција од страна на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ од овде од Битола да бидат обезбедени тие средства и ќе можеме од пролет да се реализира. Но, доколку тоа не се случи, тогаш ова ќе биде прв проект кој што владата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе го финансира заедно со спортскиот центар вреден околу 10 милиони евра, влезот од страната на Ресен повторно 2,5 милиони евра, нови 10 автобуси за јавното сообраќајно претпријатие на електричен погон, еколошки автобуси, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ јавно го осуди одземањето на ингеренции во областа на образованието во рок од 1 година што Владата дрско го направи кон локалната самоуправа.
-Лошата вест за владата на ДУИ и СДСМ е што за неколку месеци ќе има влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за жал нема да бидат тие таму каде што наметнуваат вакво насилничко однесување и одземаат ингеренции во рок од една година. Правдата ќе биде задоволена, рече Мицковски, кој за идните инвестиции додаде:
-Планираме преку проектот децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините од прилика 46 милиони евра за Битола, односно 11,5 милиони евра на годишно ниво, пари кои ќе бидат директно финансирани од централниот буџет и ќе бидат инвестирани, рече Мицкоски и порача да не се блокираат проектите на локално ниво финансирани со европски пари каков што е проектот за велосипедски патеки во Битола.
На прес-конференцијата во Битола Мицкоски најави дека како иден примиер ќе организира заедничко патување со новинарите со воз од Скопје до Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски и членови на раководството на таа партија, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршја увид на проекти од инфраструктурата во населеното место Долно Оризари, изградбата на нов кружен тек во Битола и други.
За денес е закажана и средба со граѓаните кај “Веро“ каде ќе се обрати претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави инвестиции вредни 46 милиони евра во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)