“Bv Business Group“ од Битола како општествено одговорна компанија, по повод одбележување на 4. Ноември- Роденденот на нашата Битола, за прв пат организираше литературен конкурс на тема “Битола, во срце те носиме”.Во истиот, учество зедоа 83 ученици од основните и средните училишта во Битола, Могила и Новаци. Охрабрени од успехот кој го постигна ликовниот конкурс “Екологијата во моето опкружување“ чија цел беше да се постигне поголема свесност за околината во која живееме, “Bv Business Group“ одлучи да ги поттикне најмладите битолчани да ја искажат преку поезија и проза љубовта за градот во кој живеат. Градот кој останува за нив и за генерациите кои доаѓаат, кои го одржуваат овој град жив.
Победниците ги избраа професорите по македонски јазик и литература Бисера Бијелиќ Стојчевска, Симона Петревска и Никола Трајковски.
-Во категорија од VI – IX одд , I награда доби песната на Јана Китановска 9 одд “ОУ Кирил и Методиј“.
-Во категорија од I – IV год., I награда доби расказот на Нектарија Илиевска, прва година – приватно средно училиште “САБА“.
-Додека, според гласањето на нашата Facebook страна наградата ја добива Анастасија Паревска од ОУ “Тодор Ангелевски“, Битола.
“Bv Business Group“ сака да искаже огромна благодарност до сите ученици и нивните ментори за учеството во овој литературен конкурс. Сите присутни на доделувањето на наградите, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат на настанот, истите ќе добијат благодарници за учеството и менторството.

“Bv Business Group“ од Битола ги додели наградите од литературниот конкурс на тема “Битола, во срце те носиме“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Oдбележан Денот на превенцијата, најмалите битолчани гости во СВР Битола
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Библиотеката од Битола со промоција на Библиографија ги заврши празнувањата за патронот (фото)
- Завршен настан на проектот “Креирај слемирај“ на Библиотеката
- Поемата “Одгласот на тишината“ ново книжевно дело на Зоран Пејковски
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Битола (фото)