Press "Enter" to skip to content

Народен театар Битола со музичко-сценски перформанс “Парови“ ја одбележа 79 годишнината од формирањето (мегафотогалерија)

-На 14 ноември 1944 година, веднаш по ослободувањето на Битола е формиран првиот македонски народен театар. Први членови и основачи на театарот биле Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Јорго Цаца, Вера Вучкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Беко кои ја одиграле претставата „Ѓоре Магарески“. Подоцна се нижеа претстави и на “штиците кои живот“ значат поминале голем број врвни актери во бројни претстави. (До 1980  во стариот грандиозен архитектонски објект, ( кој беше срушен), а потоа на сцените во новиот објект.

-Роденденската прослава на парен датум, во непарна година и во парен час (20 часот), за непарен 79-ти роденден.

Во чест на сите оние кои во изминатите 79 години дадоа свој придонес на сцената на битолскиот театар. Целиот ансамбл на НУ Театар Битола низ  мзуичко сценскиот перформанс „Парови“ публиката имаше  можност да ги види и слушне изведби на најпознати парови од светот на музиката, театарот, низ изведби на актери од  битолскиот театар.Водителскиот пар ги водеше низ  интересни најави. Еве некои од истите.-Театарот е вселена полна  со противречности,  дуалности и двојности кои тежнеат кон харминија … Затоа сме тука да создаваме, да креираме  твориме еден единствен, неповторлив и магичен свет, а тоа е светот на театарот… На оваа сцена поминале многу парови, успени и неуспешни… Парови обични и необични…Парови на сцена, но и во приватниот живот… -Пар  вечна тема која се провлекува од постоењето на светот, до денес. Пар, означува две суштества заедно, двојност. Две единки Две половина од едно цело. Две поларности што постојано се движат. Понекогаш спротивностите  се допираат,а понекогаш разидуваат… Понекогаш на еден пар не му се потребни зборови за да се разберат…-Вие кај нас сте имале можност да гледате : Караоке, маскенбал,  пантомима кореографија и импровизација зошто нашите актери тоа го можат…важно е да се најде својот пат, и го направија најдобро.

Низ изведбите на песни сцени од познати парови на сцената. Потоа парови кои пејат заедно и изведби на актерите од НУ театар Битола. “Ти се  принцеза“ и пееше Дадо Топич на Слаџана Милошевиќ, “Моето срце срце чука за тебе“  Беби Дол и Масимо Савиќ, “Љубим  ме и главата горе“ Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлич, „Ја нисам како ти..“ Габи Новак и Арсен Дедиќ.Потоа следеа изведби од најпознати светски парови и хитови во изведба на актерите кои одлично се снајдоа во овие улоги. Дел од актерите на ансамблот од различни генерации доајените Соња Михајловска, Петар Мирчевски, Борис Чоревски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Огнен Дранговски, Катерина Аневска Дранговска, Елена Моше, Сандра Грибовска, Маја Андоновска Илиевски, Марија Стефановска, Викторија Степановска, Александра Стефановска, Илина Чоревска, Марјан Ѓорѓиевски, Никола Пројчевски, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Васко Мавровски, Филип и Мартин Мирчевски, Петар Спировски, Александар Копања… На крај симболично со “Imagine“ на Џон Ленон и Јоко Оно со сите парови на сцена заврши музичко сценскиот перформанс “Парови“и пораката:

Imagine all the peopleLivin’ life in peaceYou

You may say I’m a dreamerBut I’m not the only oneI hope someday you’ll join usAnd the world will be as one

 На сите им се придружи целиот ансамбл и беа испочитувани со долг аплауз од публиката.  

Жанета Ристевска

Фото: Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »