Press "Enter" to skip to content

Христо Василевски победник на турнирот во Бугарија, Илија Димовски трет во У17 во Србија

-Со оваа п0беда во Петриќ, Христо Василевски од Лонгони Битола обезбеди пласман на “Еуротур“ натпреварот во Тревизо, Италија, во серијата која е организирана од Европската билјард федерација.

Викенд за паметење за билјард играчите на клубот Лонгони од Битола големи успеси на нашите играчи на меѓународни настапи во Бугарија и во Србија. Со овие успеси Лонгони се уште еднаш дека Битола е најдобар билјард центар во Македонија.

Во Петрич, Бугарија се одржа 4. и последен турнир од ББА, балканската лига на која земаат учество играчи од Македонија, Грција, Бугарија, Косово, Албанија и Србија. Најдобар беше Христо Василевски од Лонгони Битола кој што со одлична игра со шест уверливи победи суверено го запоседна балканскиот трон.

Со оваа победа е продолжение на успесите во Приштина и Солун, а со овој резултат Христо е втор во генералниот пласман, а освен паричната награда заработи и ваучер за “Еуротур“ натпреварот во Тревизо, Италија. Во “Еуротур“ серијата која е организирана од Европската билјард федерација има седум вакви турнири.

Добрите игри на Василевски се како резултат на секојдневното неколку часовно тренирање и со тоа доведувајќи ја својата техника на ниво многу повисоко од тоа што се игра овде, а како шо гледаме и играта веќе носи резултат и на меѓународно ниво. Сега следуваат силни турнири од кои прв е Нишкиот во декември и со нетрпение очекуваме да видиме дали играва која ја игра, а е тоа како квалитетна ќе носи резултати и на тоа повисоко ниво на игра. На тој турнир Битолската екипа ќе брои преку десетина играчи кои што ќе се појават со Своите нови супер модерни дресови.

На турнирот од “Балкан тур“ за млади кој се одржа во Чачак, Србија Илија Димовски од Битола настапуваше во категоријата У17 и го освои третото место. Ова беше последниот турнир од серијата и во генералниот пласман заврши како третопласиран. На овие турнири се игра најполарната игра во светот “9 ка“.

Турнирот се одржа во “Либеро 5“ клубот во сопственост на Мартин Мартиновиќ, наш долгогодишен пријател, а судија беше Владимир Илиевски наш Битолчанец кој е познат интернационален судија.

More from ВестиMore posts in Вести »