Денеска, 16.11.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода едно лице на 21 година и две лица на возраст од 17 години сите од Битола.
Имено, истите се сомничат дека на 13.11.2023 во село Дихово, битолско извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија-ХЕЦ Сапунчица во село Дихово.
Приведените во целост го признале кривичното дело,а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ при што пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.