Press "Enter" to skip to content

Свечено отворена фото изложбата “Фото колонија Пелагонија“ (фотогалерија)

Вечерва во Битола,  во фоајето на НУ Центар за култура – Битола свечено беше отворена изложбата “Фото колонија Пелагонија“, а беа изложени 25 фотографии на објектите од културно значење за Пелагонискиот регион кои ги направија 18 фотографи учесници на проектот.Изложбата претставува завршна активност од истоимениот проект кој го спроведуваше Центарот за европски развој и интеграции од Битола во периодот мај – ноември 2023 година, за што организаторор Диоген Хаџи-Коста Милевски на отворањето на изложбата рече:-Во месец јуни започна реализацијата на проектот “Фото колонија Пелагонија“, кој е едукативно-творечки проект кој ќе овозможи пренесување на искуства и размена на идеи помеѓу истакнати и заслужни македонски фотографи и млади фотографи од пелагонискиот регион на почетокот на својата кариера. Активностите на преоктот ќе се реализираат во период од 6 месеци а финален продукт на проектот ќе биде изложбата “Фото колонија Пелагонија“ во 2023 година е составена од фотографии и мултимедијални елементи преку кои ќе се презентираат културните богатства на пелагонискиот регион.На изложбата дел од дипломите ги додели градоначалникот Тони Коњановски при што рече:-Битола има голем број културни богатства кои учесниците на Колонијата преку оваа изложба ги доближија во нас. Иако секојдневно поминуваме покрај нив, вечерва ги диживуваме од друга перспектива, онака како Битола ја гледаат овие фотографи, за што им искажувам благодарност ним и на организаторите. Од професионалните фотографи можат да научат многу, но тие се тука да ја продолжат нивната работа. Како локална самоуправа ќе продолжиме да ги помагаме овие настани, во рамките на нашите можности.Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски ги поздрави сите учесници и присутни отворањето на изложбата и рече:-Посебно ме радуваат ваквите настани во кои учествуваат наши млади сограѓани, кои вечерва ни прередија задоволстви да ги погледнеме нивните фотографии. Сите кои вечерва имаат свои фотографии вечерва и се со нас, сакам да им упатам порака и да ги охрабрам. Овие простории на Центарот за култура, без разлика дали е фоаје, сала или друг простор се отворени за нив. Да не се срамите да побарате да изложувате тука, а секако и останатите да настапуваат тука. Секогаш сум и ќе бидам за младите да бидат тука, во Центарот за култура. Ние сме сега тука, но во иднина, токму овие млади луѓе треба да ја продолжат нашата работа, а потоа да ја предадат на некои, други, млади луѓе.Инаку, своето искуство со 20 учесници во колонијата го споделија проф. Роберт Јанкуловски кој пренесе дел од своите искуства и совети како да се подобри квалитетот на фотографиите и Далибор Митковски кој на учесниците на колонијата ќе им пренесе искуства за тоа како да ги подобрат своите портретни фотографии и како да се справат со предизвиците на фотографирање на настани кои се одвиваат во живо.Учесниците на колонијата имаа можност да ја проследат презентацијата на листа на објекти од значење за културата во Пелагонискиот регион која ја реализира Зоран Алтипармаков од одделот за заштита на културно наследство при НУ Завод и музеј – Битола.Изложбата претставува завршна активност од истоимениот проект кој го спроведуваше Центарот за европски развој и интеграции од Битола во периодот мај – ноември 2023 година.  Главен финансиер на проекти е Министерството за култура на Република Северна Македонија а проектот е поддржан од Општина Битола , нашиот патнер НУ Центар за култура Битола и “БВ бизнис груп“.

Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »