Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 38:14 (18:7)
Еурофарм Пелистер попладнево во Битола забележа лесна победа во Суперлигата, во 11. коло во групата Б“ го победија Вардар Неготино со резултат 38:14.
Само на отворањето на натпреварот екипата од Неготино имаа запазена улога, се до резултат 8:7. Потоа Пелистернаправио серија од 10:0 и на полувреме замина 18:7.
И во второто полувреме шампионот продолжи со исто темпо и ги казнуваше сите грешки на неготинчани и на крај извојува убедлива победа од 38:14.
Атанасијевиќ постигна четиринаесет гола, Костески имаше осум, а Ѓорговски седум погодоци.