Во Центарот за Култура во Битола се одржа првата трибина на компанијата компанијата Кромберт и Шуберт Македонија ДООЕЛ организира предавање насловено “КРОШУ чувар на вашето здравје“ кое компанијата го организира пред се за вработените, но и за сите заинтересирани граѓани кои имаа ретка прилика на едно место да се информираат за своето здравје.Салата беше исполнета со нивни вработени и сограѓани кои сакаа да слушнат и научат нешто повеќе за здравјето од присутните доктори.
-Овој настан е од посебно значење и покажува колку е важно и потребно да се зборува за тема здравје, затоа што здравјето е највредното богатство што можеме да го имаме. Доколку имаме здраво тело и ум, се друго можеме да постигнеме, рекоа од компанијата.
Предавачи на трибината предавањето ќе бидат д-р Сашо Младеновски – ортопедски хирург, д-р Љупчо Николов – специјалист по трауматологија, д-р Александар Димовски – специјалист по радиодијагностика, д-р Наташа Хаџиева Де Ангелис – специјалист по кардиологија, д-р Влатко Ѓорѓиевски – специјалист по гинекологија и акушерство и Марија Јанакиевска – психолог, гештал советник, интегративен психодинамски советник.
Претставниците од “Кроација осигурување“ споделија повеќе информации за приватното здравстено осигурување.
Фоајето на Центарот за култура беше збогатено со штандовите на болницата “Плодност“, клиниката “Жан Митрев“, “Аџибаден Систина“, “Роса Вита“, “Физиомедика“ и “Битолска лабораторија“, каде вработените и гостите можеа да добијат одговори за нивните прашања.
За изгледот на сцената се погрижи хотелот “Епинал“ и “Грин Гарден центар“, додека за кетерингот беа задолжени од “Де Ниро кетеринг“.

Компанијата “Кромберт и Шуберт Македонија“ ДООЕЛ организира трибина “КРОШУ чувар на вашето здравје“ (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Уште денес, супер понуда во маркетите на “Ангромаркет“
- Утре свечено отворање на “Multi brand’s“ бутик за оригинална гардероба (фотогалерија)
- Младите во Битола мора да се поттикнат кон активно вклучување во енергетската транзиција преку ивестиции во обновливи извори на енергија (фото)
- Кафе со омиленото друштво во пријатен амбиент, во “Портал“
- Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола