Press "Enter" to skip to content

Пораз на ракометарките на Пелистер во Битола, Куманово ги освои трите бода (фотогалерија)

Пелистер 2012 – Куманово 15:23 (5:11)

Ракометарките на Пелистер вечерва во Битола во рамките на 9. се поразени од гостинките, екипата на Куманово, со резултат 15:23, најповеќе заради лошата реализација во нападот, со оглед на тоа што гостинкиот голман одбрани 20 удари на “пелистерки“.Натреварот започна со два гола на кумановчански за 0:2, а по 15 минути игра или на средина на првото полувреме беше 3:6. На три минути пред одморот “пелистерки“ имаа -6 (5:11), а со тој резултат се одиде на одмор.Во второто полувреме екипата на Пелистер се обидуваше да дојде до пресврт на натпреварот, а во 40. минута или на 10 минути до крајот намалија на -2 (13:15). Но, за нивна жал лошата реализација и одбраните на гостинскиот голман ги спречија во намерата и со серија до 0:4 имаа 13:19, кумановчанки се одлепија и го решија натпреварот.До крајот кој беше само формалност Пелистер постигна уште два гола, за конечни 15:23.Најефикасни во тимот на Пелистер 2012 беше Рујановска која запиша шест погодоци.По 9. одиграно коло екипата на Пелистер 2012 се наоѓа на 7. место на табелата со 13 бода.

Фото: Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »