Press "Enter" to skip to content

Библиотеката во Битола го одбележа Светскиот ден на детето

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува 20 ноември – Светскиот ден на детето со низа активности кои ќе се реализираат во текот на неделата, а една од нив беше посетата на учениците од второ одделение од ООУ “Коле Канински“-Битола.

-Светскиот ден на детето, има за цел да го сврти вниманието на широката јавност за сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата. Потребата од заштита на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високоранлива општествена група која лесно може да биде изложена на злоупотреба, насилство и експлоатација, рекоа од библиотеката.

На оваа тема учениците од библиотекарите слушаа една прекрасна приказна од сликовницата “Денес ти нема да играш“ која имаше да цел да ја поткрене свеста против врсничкото насилство од најмала возраст.