Денес во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ од 18,45 часот, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот на Загреб во рамките на 10. коло на Лигата на шампионите, а домаќинот ќе го “брка“ и првиот бод.
На прес-конференцијата пред натпреварот со загрепчани се обрати тренерот Бранислав Ангеловски. Тој сепак најави дека гостинот е многу квалитетен противник, со млади играчи и потенцијал за иднината.
-Доаѓа една ракометна институција. Ако погледнеме во минатото не треба многу да зборуваме за името на противникот. Сите олимписки и светски шампиони со хрватската репрезентација мораа да поминат низ таа школа. Загреб има одлична млада генерација, која во иднина ќе биде добар тим на ракометните терени. Имаат спој на младост и искуство. Кога зборувам за искуство мислам на Диборов, Чупиќ и Гојун. Тоа се трите стратешки позиции кои ја прават одбраната толку хомогена и густа. Нема да биде лесно да ја разбиеме таа одбрана. Загреб игра константно добро и за мене не е во прашање и нивниот пласман во следниот круг на Лигата на шампионите. Фасцинираат нивните игри, но имаат и маани, на кои ние ќе обрнеме внимание во овие следни два дена и ќе бидеме спремни максимално за нивната игра и во напад и во одбрана, а клубот Згреб додаде:
-Загреб беше магнет за сите млади играчи во Југославија. Ја имав таа среќа, а можеби и привилегија, да бидам дел од Загреб заедно со Лазаров, Марковски, Јовиќ, потоа и Стоилов и Мајнов. Загреб секогаш ги бираше најдобрите таленти од нашите простори. Поминав одлични три сезони во Загреб. Тие сезони ме лансираа да имам уште подобра интернационалионална кариера. Со восхит зборувам и за клубот и за Загреб како град и за Хрватска.










