Press "Enter" to skip to content

Победи на мкадинките и кадетките на Топ Гол

Младинките и кадетките на Топ гол од Битола во последно коло од есенскиот дел од првенството издвојува победи на гостувањето во Тетово.

Во рамките на 12 коло од младинската и кадетската лига битолчанки против ЖФК Љуботен издвојува победи со резултат за кадетки 2:0, а за младинки 5:0.-Упатувам честитки и пофални зборови за двете победи и за фер- плеј односот на двете екипи. Имаме силни генерации и со нив работиме пред се стручно и посветено но сме свесни дека треба стрпливост со овие девојки да прераснат во добри фудбалери, изјави Шефот на стручниот штаб на Топ гол, Кире Грбевски.

Кадетската екипа на Топ гол моментално е на втората позиција на табелата, а младинките се наоѓаат на третата позиција и двете екипи се сериозни кандидати за освојување на шампионатот.

More from ВестиMore posts in Вести »