Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12) заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 396 од КЗ лишиле од слобода две лица на возраст од 68 година од Битола и 61 годишник од село Канино,битолско.
Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на едното лице од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.
При претрес во село Канино, битолско пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка.
Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривична пријава.






