При акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР Битола и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Битола, во 12.00 часот на пешачка зона кај објект “Борово“ во Битола затекната е Е.У. (26) од Битола како пита, држејќи го нејзиното двегодишно дете во рацете завиткано во кебе, а додека нејзините 4 деца на возраст од 4, 5 ,6, 7 години, од нејзина страна биле оставени сами во нивниот дом.
Од страна на полициските службеници двегодишото дете со потврда е предадено на претставниците од ЈУМЦСР Битола со цел понатамошно преземање на мерки за заштита и згрижување.
По целосно документирање на случајот, против Е.У. ќе биде поднесена соодветна пријава.






