Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: полициски службеници го пронајдоа детето кое беше пријавено дека се изгубило

Денеска (25.12.2023) околу 18 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа шестгодишниот малолетник, кој еден час пред тоа беше пријавен од неговиот татко дека се изгубил во населба Горно Оризари во Битола.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Битола за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено околу 18 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »