Press "Enter" to skip to content

Германскиот Божиќен панаѓур на “Зимската приказна“ во Старата битолска чаршија (фотогалерија)

“Зимската приказна“ во Битола започна да се раскажува и оваа година воочи Новогодишните и Божикни празници, а дел од настаните ќе се случуваат во замбиент на Старата чаршија во Битола.Приказната  започна со  Германскиот Божиќен панаѓур  во организација на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија, Гете-Институтот од Скопје.Креативноста на наставниците и професорите по германски јазик од основните и средните училишта  во Битола заедно со нивните ученици можеше да се види на штандовите и програмата која се изведе на бината.Германската култура, јазик и традиција, преку изработки, храна, музика, рецитации, драмски изведби беше доловена на овој базар.Герамнскиот божикен базар со хуманитарен карактер привлече голем број посетители, родители, ученици.Преку фотографии ви пренесуваме како беа претставени актовностите на средношколците од Горната Гимназија и основците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола.

Текст и фото: Дамијана Ристевска