Press "Enter" to skip to content

Празнична приредба на учениците на “Анлимитед Кодерс Академија“ (фотогалерија)

По повод новогодишните и божикните празници “Анлимитед Кодерс Академија“ одржа приредба во Народниот театар Битола. Пред преполната сала најмалите и најрадосните рецитираа, пееја, глумеја, играа и имаа најкреативни настапи.Во духот на празниците кои следуваат се пееја најубавите новогодишни песни на англиски и германски јазик.Дечињата и нивните наставнички со најубава честитка не потсетија дека секогаш е време да споделиш пораки и најубави желби за среќни празници.

Ова Божикно шоу ќе биде наша традиција за сите наредни години во кои нашите најмили ученици ќе ја шират магијата на новата година со стремеш секоја наредна да биде подобра и поуспешна.Среќни празници ви посакува “Анлимитед Кодерс Академија“!