Екипата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола ангажира нов кошаркар за продолжението на тековната кошаркарска сезона, за домашниот шампионат и во АБА-2 лигата.
Се работи за плејмејкерот Дешон Најт, 32-годишен Американец кој доаѓа од тимот на Широки Бријег за кого играше последен пат.
Дешон Најт досега има настапувано и за бугарски Академик Пловдив, швајцарска Женева, турски Истанбул, изарелски Хапоел… Во биографијата, Најт има настапи во осум европски земји, а исто така има настапувано и во Катар и Австралија.








