Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола домаќин на кошаркарскиот куп, на отворањето ќе игра против Феникс

Македонската кошаркарска федерација по распишаниот конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување, а согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 во машка конкуренција, донесе одлука организацијата на финалниот турнир за натпреварувачката сезона 2023/2024 година, да му се додели на КК Пелистер од Битола.

Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат, ќе се одигра во периодот од 15. до 17. февруари, 2024 година, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

Екипата на  Пелистер, согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната по 11. одиграни кола на отворањето на Купот ќе игра против екипата на Феникс 2010 од Скопје, 

Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.

More from ВестиMore posts in Вести »