Press "Enter" to skip to content

Иван Стојановски го извади крстот од осветените води на крстилницата во “Св. Димитрија“

Честа да го извади крстот од осветената вода на крстилницата во црквата “Св. Димитрија“ во Битола ја имаше Иван Стојановски од Битола, кој заедно со уште дваесетина  момчиња скокнаа во студената вода на крстилницата, по релативно топло време во Битола кое преовладува оваа зима. Во базенот во форма на крст во водата во црковниот базен светиот крст го спушти митрополитот преспанско-пелагониски и адиминистратор австралиско-новозеландски г. Петар, кој го даруваше Стојановски. Верниците можеа да присуствуваат голем број, а по неколку години без ограничувања и без ковид протоколи во црквата и дворот “Св. Димитрија“.Со централната манифестација чиноначалствуваше Владиката Петар, кој со литија прво ја освети водата во крстилницата во дворот на Црквата, а потоа во него скокнаа верниците, а претходно одржа свечена богојавленска литургија, внатре во црквата.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски присуствуваше на прославата на Водици, му честита на Лука и го покани во неговиот кабинет на прием, а ќе биде награден со парична награда и икона од заштитникот на Битола “Свети Нектариј Битолски“.По повод големиот празник Богојавление – Водици, литургии се служеа во сите православни храмови во Преспанско-пелагониската епархија, а исто така крстот се фрлаше ви сите цркви када имаше голем број верници, кои ги заокружија божикните празници.Со осветувањето на водите завршија некрстените денови кои започнаа со христовото раѓање на Божик.

More from ВестиMore posts in Вести »