-Среќникот кој во 2014 годна, во соборорниот храм “Св. Димитрија“ во Битола на големиот празник Богојавление Христово, Водици, кој го “фати“ осветениот крст е 26 годишниот Кире Кочанковски од Битола, менаџер на ноќниот клуб “Расчекор“, пред многубројни верници и почитувачи на христијанството, започна со своите сеќавања за настаните пред 10 години во Битола, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Ова беше за прв пат, да има среќа за прв да стигне до светиот крст, младиот битолчанец Кире Кочанковски, кој среќен по фаќањето рече дека за прв пат “скока“ по крстот, потајно бил убеден дека ќе го “фати“ светиот крст.
Централната прослава на Водици во Битола, традиционално се одржува во црквата “Свети Димитрија“, а крстот во базенот пред црквата го фрли преспанско-пелагонискиот владика Петар, скокнаа дваесетмина битолчани.
Меѓу верниците кои го бараа светиот крст беше и едно десетгодишно дете, а по светиот крст за првпат скокаше девојка. Тоа беше Стефани Скерлевска, 16-годишна жителка на битолското село Брусник, но немаше среќа најбрзо да стигне до крстот.
По повод големиот празник Богојавление, литургии се служеа во сите православни храмови во Преспанско-пелагониската епархија, а исто така крстот се фрлаше во сите цркви каде имаше голем број верници, кои ги заокружија божикните празнувања.

Деновиве пред 10 години: Кире Кочанковски од Битола го “фати“ осветениот крст во “Св. Димитрија“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: за првпат извршено стентирање на периферните крвни садови на нога во болницата во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Мегленци се снимаше долгометражниот игран филм “Скршено“ (фотогалерија)
- Неформална годишна средба со новинарите од Македонија и медиумска посета на “Бимилк“ – Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
- Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)










