Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 44 годишник завршил во болница по физички напад, превентивни активности

На 24.01.2024 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешки телесни повреди бил донесен 44 годишник од Прилеп, со живеалиште во Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад.  СВР Битола работи на расчистување на настанот.

Полициски службеници од СВР Битола, денеска (25.01) во основното училиште „Тодор Анѓелевски“ во Битола одржаа едукативни предавања на темите – „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, полициските службеници на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, како и нивно навремено препознавање и превенирање, пред се во поглед на правовремено спречување на насилството помеѓу младите. Исто така, на целото подрачје на СВР Битола и денеска се спроведуваат превентивни активности за побезбеден сообраќај со акцент на забраната за конзумирање алкохол при управување на моторно возило. За време на сите активности на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.