Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Хелиос, и со победата на чекор поблиску до АБА2 плеј-офот

Пелистер – Хелиос Санс 83:81

Kошаркарите на Пелистер од Битола забележаа нова победа во рамките 9. коло, на “балонот“ на АБА2 лигата кој се игра во Нови Сад, Србија. Оваа втора победа на “пелистерци“ во Нови Сад е втора од два натпревари, а победена е екипата на Хелиос со резултат 83:81. Со овие бодови Пелистер има реални шанси за место во разигрувањето. 

Пелистер одигра квалитетно во втората четвртина, а како резултат на таквата игра беше тоа што битолчани на одмор заминаа со +7 (44:37).

Хелиос добро играше во третата четвртина возврати во третата делница ја доби со 20:26, а во последната четвртина се влезе со резултат 64:63 за Пелистер. Поседната четвртина завши со резултат 19:18 за Пелистер, доволно за 4. победа во АБА2 лигата. 

Најрфикасни кај Пелистер беа Мијовиќ 18, Маслинко 16, Костовски 15 и Магдевски 14.

Последниот натпревар на Пелистер во овој АБА2 “балон“ ќе го игра на пладне во недела, против екипата на Сутјеска, во рамките на 10. коло.

More from ВестиMore posts in Вести »