Охрид – Пелистер 77:85
Екипата на Пелистер од Битола забележа победа на гостувањето во Охрид над истоимената екипа во рамките на 16. коло, во натпревар во кој имаше и предност од 15 поени, а победата ја потврди во последните две минути.
Пелистер имаше предност по првата четвртина (18:25), а по само две минути игра во вториот период имаше и двоцифрена предност (32:22). Потоа беше и +15 (32:47) во 16.минута во салата „Билјанини извори“. На полувремето “пелистеррци“ заминаа со +8 (38:47).
Во второто рамноправна игра на двете екипи. Прво Охрид дојде -3 (52:55), но Пелистер одговори и за неколку минути, во 28.минута, по серијата (12:1) одново имаше високи (53:67). Во последната четвртина се влезе со 57:67. Охриѓани намалија на 73:78, но во финалните две минути, во вистински момент дојде тројката на Костоски, за 73:81, а потоа погоди и за недостижни 76:83. На крај заслужено се радуваа битолчани со 77:85.
Кај Пелистер најефикасен Александар Костоски со 22 поени, а Планиниќ заврши со 15 поени.
Пелистер по 11. победа се израмни со екипата на Чаир која е на четвртата позиција.










