Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец за агресивно однесување кон полицајци, пријава за физички напад, пронајдена стара граната

На 25.02.2024 во 01.25 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 36 годишник од Битола затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници што извршувале службени дејствија на ул. „Новачки пат” во Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 22.40 часот во СВР  Битола, Г.И. (35) од Битола пријавил дека  во влезот на зграда во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.02.2024 во 13.37 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Могила при ископ била пронајдена стара неексплодирана граната. Гранатата од Првата светска војна со калибар 155 мм. е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

More from ВестиMore posts in Вести »