Press "Enter" to skip to content

Со сценско-музички перформанс на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ – Битола раскажуваа бајки во Библиотеката (фотогалерија)

Учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола во НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола во волшебна вечер со сценско-музички перформас ги оживеаја ликовите од бајките од приказните “Црвенкапа“, “Снежена со 7 те џуџиња“, “Пепелашка со принцот“, “Убавицата и ѕверот“, “Златокоса“, “Вили Вонка“, “Хермајн“ ( другарката на Хари Потер, Барби, Кен, Брац…  на Светскиот ден на раскажување бајки.“Од Книга до претстава- да ги оживееме бајките“ заеднички настан на  НУУБ „Св. Климент Охридски“ и ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола се организра во просториите на градската библиотека по повод Светскиот ден на раскажување на бајки.На настанот ученици од 1 и 9  одделоение  се претставија со сценско музички перформанс со сцени од некоколку бајки, На настапот омилените кукли барби, Брац, но ги имаше и ликовите  од популарниот филм “Барби“.Гордана Ѓ. Неделковски м-р библиотекар го отвори настанот и ги поздрави присутните и рече:

-Денес 26 февруари е Денот на раскажување на бајки.Бајките се жанр на литература во кој има фантастични и магични ликови. Обично во форма на раскази со самовили, џуџиња, тролови и вештерки како централни ликови, бајките се поставени во магичен свет со настани што се случуваат „со беше еднаш во едно време“. Така ќе апочнеме и ние вечерва. Целта на овој проект е да се всади љубов кон книгата на ученици од најмала возраст, но на интересен начин. Многу ликови од бајки и приказни продефилираа на оваа наша сцена. Добија аплаузи од присутните.Директорката на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Жанета Тошеска, се обрати оваа година ја продолжуваме соработката со ОУ “Св. Кирил и Методиј“ за настанот „Од книга до претстава“ рече:-Многу ликови од бајки и приказни ќе видите вечерва. За најмалите првачиња и Вие родители ова е возбудлив настан.Жанета Ристевска психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ координатор на проектот во училиштето изјави:-Минатата година ги оживеавме македонските битови драми “Бегалка“ и “Чорбаџи Теодос“ оваа година ги оживеавме бајките. Во проектот за прв пат ги споивме и работевме со најмалите и најголемите ученици во училиштето, со првачињата и деветооделнците. Така во перформансот ги имавме Бел, Пепелашка и Златокоса мала и голема. Поголемите ученици ги поддржуваа помалите. Оваа вечер ќе биде волшебна за сите нас кои сме тука.

Денес, бајките се сметаат за жанр на литература за деца и терминот бајка се користи за да се претстават среќни настани и случки, како што е романтиката или среќен крај. Во кои  секогаш лошото го победува злото и ние ќе веруваме дека така и ќе биде во светот. Ослободете ја вашата фантазија на овој многу фантастичен ден…

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »