Press "Enter" to skip to content

Гимназиите од Битола и Винченца од Италија потпишаа меморандум за соработка

Денес, в0 гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола се потпиша меморандум за соработка со со гимназијата и италијанската Гимназијата Liceo Scientifico Paolo Lioy Vicenza, каде ќе се реализираат ученички размени во Битола, Македонија и Виченца, Италија.-Ваквите соработки и размени се од исклучително значење за јакнење на капацитетите и јакнење на личноста на нашите ученици и наставници, запознавање со културата, образованието, знаменитостите и историјата на двете држави како и другарството меѓу македонските и италијанските ученици. Се надеваме на успешна и плодна соработка како успешно реализирани размени и идни проекти, беше речено на потпишувањето.

More from ВестиMore posts in Вести »