Press "Enter" to skip to content

Филип Кузмановски одигра капитенски, постигна девет гола, но Алборг не дозволи изненадување (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Алборг 28:33 (14:17)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола со пораз ги завршија домашните настапи во Лигата на шампионите. Во последниот натпревар во Битола “пелистерци“ имаа добро прво полувреме, но во вториот дел  данскиот ракометен гигант ја имаше играта и заслужено победи со 28:33. Стартот на натпреварот го одбележа со високата одбрана на “пелистерци“ кои играа по шема “3-2-1“ зона со Петар Атанасијевиќ како најистурен, а играа и “седум на шест“ со два “пикери“. Ова беше донесе добра игра на домаќинот кои имаа и гол предност 5:4. Еурофарм Пелистер имаше уште два адути, тоа беа Борзаш и Кузмановски кои беа најзаслужни за рамноправната игра. Во 20. минута данците имаа гол предност, но потоа дојдоа и до 14:17, што беше резултат со кој се отиде на одмор.Второто полувреме на стартот го одбележа цепелин Костевски – Кузмановски, а потоа Алборг тргна моќно и за неколку минути по серија од 0:3 направи +6. Пелистер имаше повторно свои минути, преку Филип Кузмановски, но Алборг не дозволи тоа да продолжи, туку продолжи со рутинска игра за конечна победа од 28:33.Капитенот Филип Кузмановски одигра капитенски, и со девет гола беше најефикасен на натпреварот, а Бораш постигна 6 и Пешевски 4 гола.

Со оваа победа Алборг се зацврсти на втората позиција на табелата со 18 бода, додека Еурофарм Пелистер останува последен без ниту еден освоен бод. “Пелистерци“ во последното коло од Лигата на шампионите играат во Норвешка против Колштад.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »