Press "Enter" to skip to content

“Латерал“ Битола со повик за ученици за аудио-визуелната и литературната уметност

Здружението за едукација во полето на аудио-видео и литературна уметност “Латерал“  Битола го организира проектот “Македонската Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности” како проект од национален интерес за 2024 година, со поддршка од министерството за култура.

Во рамките на овој проект, ние ги вовлекуваме младите уметници од средните и основните училишта во Битола во креативни процеси и развиваме нивните креативни вештини во областа на аудио-визуелната и литературната уметност.

Вашето искуство и знаење како професори има големо значење за развојот на младите таленти. Затоа, ве покануваме да го доближите овој повик кон вашите ученици, да ги охрабрите да се пријават и да се вклучат во овој важен проект. Вашата поддршка и менторство се неопходни за нивниот креативен развој и успешна реализација на проектот.

Поканете ги вашите ученици да се пријават на меил (lateralmkbt@gmail.com ) или преку нашата страница на Фејсбук (Lateral / Латерал) најдоцна до 10 март. По оваа дата, ќе се направи селекција на учесниците кои ќе бидат дел од овој проект.

Во реализација на проектот, учениците ќе имаат можност да учествуваат во различни работилници и настани, воедно со посети на културни настани како театарски претстави, кино филмови и изложби на визуелни уметности. Со ова, се надеваме да го обогатиме нивното уметничко и културно искуство, како и да ги поддржиме во нивниот креативен развој.

Воедно, ве покануваме и вас да бидете дел од нашата иницијатива, да ги поттикнете и вовлечете вашите ученици во овој креативен процес. Вашиот ангажман е од суштинско значење за успешноста на проектот и за развојот на младите уметници

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »