Press "Enter" to skip to content

ИТ обуки за деца во Јавен Адвертајзинг Едукација (фотогалерија)

Во изминатиот период, над 100 ученици успешно ги презентираа завршните проекти од нашите џуниор школи. Сега сите продолжуваат на напредни нивоа. Нашиот тим е сведок на нивниот континуиран раст и напредок во рамките на нашите програми. Џуниор школите во Јавен Адвертазинг Едукација се дизајнирани да всадат љубов кон технологијата кај децата уште од најмала возраст.Препознавајќи ја важноста од рано воведување на децата во ИТ светот, нашите сеопфатни обуки се прилагодени за деца на возраст од 6 до 14 години. Широкиот спектар на обуки е дизајниран да ги поттикне креативните и техничките вештини на децата, врз база на нивните години и интереси.Обуката за роботика има за цел да ги усвои основите на роботиката преку едукативни и интерактивни активности. Во обуката за програмирање, децата не само што ќе научат технички вештини, туку и ќе развијат логичко размислување и способности за решавање проблеми. Графичкиот дизајн ги предизвикува децата да го истражуваат светот на визуелното изразување преку употреба на Adobe Photoshop и Adobe Illustrator.Mini Kids Coding е програма која децата ги воведува во светот на кодирањето преку забавни и интерактивни активности во Scratch. На крај, јазичните обуки за англиски и германски јазик им отвораат на децата врати за глобални можности.Преку нашите курсеви, децата развиваат основни вештини како што се решавање проблеми, критичко размислување и комуникација, поставувајќи ги корените кон иден успех во ИТ полето.Запишете го вашето дете денес и гледајте како напредува во поддржувачка средина за учење прилагодена на нивниот раст и развој.