Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: разлики во воспитувањето на децата од различен пол

-Немој да плачеш, не си женско, биди силен…

-Момчињата треба да бидат силни, упорни…

-Девојчињата убави, нежни, послушни…

Иако сме длабоко навлезени во 21 век, верувањето дека машките деца од мали треба да ги воспитуваме построго и натаму е длабоко вкоренето. И тоа не само на Балканот… Некогаш пораките кои родителите им ги упатуваат на своите деца се различни во однос на полот на детето. Така од машките деца се очекува да биде силно, упорно, повеќе да се посвети на постигнувања… Од друга страна пак на девочињата им е дозволено да бидат емотивни, нежни, топли… Ако гледаме со очите на модерниот свет, девојчето/ката е добра само ако е послушна, а момчето ако е способно

Но и покрај, постиганување на равноправност на половите, голема улога во воспитувањето игра културата на народот на која припаѓаме. Културното наследство е нешто што се учи од мали нозе. Наследни биолошки фактори го одредува полот на детето, но родниот идентитет се врзува за културно-психолошки идентитет и оттука кај родителите постои свесна или несвесна разлика во воспитувањето на машките и женските деца. На децата од двата пола му е потребна љубов и внимание.

Воспитување на женски деца

Девојчињата од мали се учат на емпатија, така што се грижат кога си играат со кукли, им се купуваат сетови со кујна… Потоа да се грижат за помалиот брат или сестра и на тој начин се подготвуваат за улогата на мајка. Од друга страна момчињата се учат на спротивни работи, да се заштитнички настоени кон семејството, и „не смеат“ да покажуваат слабост. („Не плачи, не си женско“)

Воспитување на машки деца

Многу родители во воспитувањето на машки деца, акцент ставаат на јакнење на самодовербата, бидејќи тие треба да бидат силни за улогите кои ги чекааат кога ќе одрастат. Така низ воспитувањето им зборуваат дека се силни, паметни и храбри.

Сепак се занемарува онаа емотивна страна која при воспитувањето на машките деца се гуши.  Се смета дека тоа ги прави слаби личности. Тоа може да доведе до неможност да ги распознаваат, изразат и објаснат своите чувства и емоции.

Честа реченица која се користи во воспитувањето, а која брани изразување на емоции е „биди храбар, машко си, не се пллаши од ништо, не плачи…

На девојчињата им е дозволено да ги покажуваат своите емоции. Тие добиваат разбирање од своите родители кои им пружаат помош во решавање на проблеми. Од неа се очекува да биде рамноправна со мажот и да води грижа за семејството и децата.