Press "Enter" to skip to content

Техничкиот премиер Талат Џафери во посета на Битола (фото)

-Техничкиот претседател на Владата, Талат Џафери денес во рамките на посетата на Битола го посети Ректоратот на УКЛО, Педагошкиот факултет, Студентскиот информативен центар, ФИКТ, Завод и Музеј и Музејот на Албанската азбука.Посетата на Битола техничкиот претседател на Владата во придружба на министерката за култура, Бисера Костадоновска – Стојчевска за започна во Ректоратот на УКЛО каде разговараа со раководството на УКЛО за актуелни состојби  и развојните визии на маџментот насочени кон повисок квалитет во образованието во функција на напредокот на државата.Официјалната посета продолжи на Педагошкиот факултет каде високиот гостин е информиран за богатата образовна понуда на оваа единица на УКЛО. На средбата со раководството и академскиот кадар на Факултетот беше констатирано дека оваа високообразовна институција продуцирала генерации на учители, наставници и воспитувачи, и е институција која во континуитет се развивала, почнувајќи од академија до факултет во чекор со времето и според образовните потреби во земјава.Во рамки на агендата, техничкиот премиер Џафери  го посети Студентскиот информативен центар – СИЦ, важен повеќенаменски простор за студентско дружење, место за размена на идеи, работилници, обуки и универзитетко средиште за развивање на  социјална и културна надградба.Посетата на УКЛО, претседателот на Владата Џафери, ја заокружи на Факултетот за информатички и комуникациски технологии кадешто се запозна со новопоставената опрема за виртуелна реалност. Воедно, беше посочено дека опремата е основа на Центарот за виртуелнo инженерство како придобивка од проектот SOLVE, финансиран од Европската Унија. Вредната опрема ќе овозможи нова димензија во наставата и истражувачката работа на УКЛО во насока на поквалтетни обуки и поквалитетна настава преку користење на технологиите на виртуелна реалност.-Задоволство ми е што можам од лице место да се уверам во она што се основни предуслови за работа на академската фела, на професорите, особено на студентите. Одблиску видов какви се условите и разговаравме кои се можностите за понатамошната поддршка од Владата и владините институции на овие значајни институции од сферата на образованието. Зборувавме и за колективните договори, иако за тоа имаме разговарано многупати досега, и разменивме соодветни информации по однос на текот на таа конкретна активност, изјави претседателот на Владата, Џафери.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска за време на работната посета на Битола ги посетија НУ Завод и музеј и Музејот на албанската азбука.Премиерот ја посети и Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, како и Постојаната музејска поставка, во која се поместени преку 2.000 музејски предмети од различни временски периоди. Во нејзини рамки се изложени предмети кои припаѓаат на археолошките, етнолошките, историските збирки, како и на збирките на современа уметност.За време на посетата на „Музејот на албанската азбука“, претседателот на Владата, Џафери, ја виде поставената мобилна дигитална изложба која се состои од 51 фотографии, изработени со најмодерна технологија, на кои се претставени личностите кои придонеле за развојот на албанската азбука низ вековите, фотографии на личности–учесници на Битолскиот конгрес одржан во Битола и 58 документи во музејските витрини. Мобилната или дигиталната изложба се состои од осветлена церада со два монитори. Во музејските витрини има документи кои се од огромно значење,  и се сведоштво за албанската азбука низ вековите.Техничкиот премиер во двете музејски установи разговараше со вработените, за условите за работа и активностите во однос на домашната и меѓународна соработка и истакна дека за Северна Македонија се од голема важност културните пораки кои ги испраќаат овие две значајни државни институции.Тој посочи дека Заводот и музеј во Битола и Музејот на албанската азбука се од исклучително значење за градењето на мултикултурниот живот во земјата.

More from ВестиMore posts in Вести »