Press "Enter" to skip to content

На Влашките гробишта во Битола одбележани 60 години од смртта на Милтон Манаки

Денес се навршуваат 60 години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки,  а во негова чест, на Влашките гробишта во Битола беше положено свежо цвеќе.

На гробот на Милтон Манаки свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општината, како и други делегации, претставници на конзуларни претставништва, вљубеници во филмската уметност и други гости.

Оддавањето почит кон Браќата Манаки, продолжи со проекција на филмови од фондот Манаки од страна на Кинотека, во Кино „Манаки“ во Битола.

Организатори на чествувањето се Кино – видео клуб “Студио Милтон Манаки“ од Битола и Комуната на Власите армните “Браќа Манаки“, со поддршка општината и градоначалникот.

More from ВестиMore posts in Вести »