Press "Enter" to skip to content

Панел дискусија “Успехот не е случајност. Жените создаваат и инспирираат“

-Советот за женско претприемништво на општина Битола, Ротари Клубот Битола Широк Сокак, по повод 8-ми март, денот на жената, денес, во Офицерски дом реализираа настан на тема: „Успехот не е случајност. Жените создаваат и инспирираат“.

Денешниот настан имаше за цел да им оддаде почит на жените од минатото, сегашноста и идните генерации кои се бореле за промени во родовата еднаквост. 8 ми март е светски ден на кој се слават социјалните, економските, културните и политичките постигнувања на жените. Оваа 2024 година, темата за Интернационалниот ден на жената е „Инспирирај инклузија“.Настанот го поздрави градоначалникот на општина Битола, д-р Тони Коњановски, изразувајќи ја неговата поддршка за поттикнување на развој на женското претприемништво. Тој на жените им го честиташе 8-ми март, со желби за здравје, успех и благосостојба.  Кога ги инспирираме другите да ја разберат и вреднуваат вклученоста на жените, создаваме подобар свет. И кога самите жени се инспирирани да бидат вклучени, постои чувство на припадност, релевантност, зајакнување. Заеднички, нашите напори треба да се фокусирани кон создавање на поинклузивен свет за жените. Вистински да се вклучат жените значи отворено да се прифати нивната различност. Образованието и свесноста играат витална улога во поттикнувањето на инклузијата и зајакнувањето на жените. Преку различни иницијативи како што се програми, едукативни работилници и кампањи, поединци и организации можат да создадат можности за жените да напредуваат. Со обезбедување поддршка и ресурси, жените може да ги надминат препреките и да го постигнат својот целосен потенцијал. За среќа, постојат многу инспиративни жени кои го отворија патот во претпријатието и чии достигнувања служат постојано за инспирација.На денешниот настан, говорници беа Светлана Петковска, Организација на жени на општина Битола, која ја истакна улогата на жената како активист во граѓанскиот сектор.-Жената е столб на семејството но, нејзина мисија е да постигнува резултати, истакна Светлана Петковска во нејзиното излагање.Во општина Битола постојат жени претприемачи кои успешно основаат и водат сопствени мали бизниси. Роза Василевска, сопственик на ДООЕЛ Галина, во своето излагање истакна дека особено важна улога во водењето на бизнис е подготвеноста на жените да преземат акција. Исто така, ја истакна важноста на тимската работа, како и однесувањето кон вработените, ако се сака да се постигнат резултати. Со нејзиното излагање таа го потврди размислувањето дека успехот не доаѓа од она што се прави повремено, туку дека успехот доаѓа од она што се прави постојано.Водењето на бизнис има свои позитивни и негативни страни. Но, општо е прифатено мислењето дека претприемачите може да се создадат. Тоа го потврди Анита Стефановска, професор на текстилната струка од СОУ Таки Даскало. Имено, во нејзиното излагање таа ги истакна постигнувањата што учениците ги имаат за време на школувањето, начинот на кој тие се поврзани со практичната работа, како и начинот на кој учениците се стекнуваат со претприемачки вештини.За денот да биде уште поубав, благодарница за поддршка и беше доделена на Мери Мрмачовска, сопственик на Green Garden Center  & Rasadnik, која е секогаш голема поддршка на ваквите настани, подарувајќи цвеќе на присутните.

Во пријатна атмосфера и вмрежување се одбележа Интернационалниот ден на жената 8-ми март, со заклучок дека денес, улогата на жената е сé позначајна. Тренд е да се креираат економски независни жени, па затоа сé повеќе внимание се посветува на женското претприемништво и лидерство.

More from ВестиMore posts in Вести »