Press "Enter" to skip to content

Советниците ја изгласаа завршната сметка на Општина Битола за 2023, само “Левица“ против, Советот на Општина Битола не се самораспушти

Иако за денес имаше “разни математики“ за тоа каков ќе биде текот на днесшната 38. седница на Советот на Општина Битола сепак иако седницата помина во напната атмосфера, беше изгласана Завршната сметка на Општина Битола. 

По неколкучасовните меѓусебни обвинувања меѓу советничките групи за завршната сметка на Општина Битола за изминатата 2023 година гласаа 28 советници, еден отсутен, од  ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, “Поинаку”, ДУИ и ДОМ, а против беа само двајцата советници на “Левица“.

Една од “математиките“ беше завршната сметка да не биде изгасана, а со тоа да има предвремени Локални избори во Битола, но по изгласувањето до тоа нема да дојде.

Инаку седмицата започна со најави за кривични пријави од страна на градоначалникот Коњановски кон претседателката на Советот Габриела Илиевска, потоа со предлог за оставка на градоначалникот од срана на Илиевска.

More from ВестиMore posts in Вести »