Press "Enter" to skip to content

“КС Групацијата“ и “Минт Групација“ со заедничка донација за детското одделени во Клиничка болница Битола

Денес, на 8 март  “КС Групацијата“ од Битола во чии состав се “Голд Фелициа“, “Голд Слот“, “Евротип“, “КС Сервис“ и “Премиум Сејфти Солушн“, заедно со “Минт Групација“ од Битола донираа професионални инхалатори на клиничката болница “Д-р Трифун Пановски” на одделот Педијатрија (детско одделение).Инхалаторот кој го донира “Голд Фелициа“  е набавен купен со парите од Новогодишниот хуманитарен базар кој се одржа во луксузниот амбиент на “Голд Фелициа“ . Хуманитарниот базар беше организиран во соработка со Ротари Клубот – Битола Широк Сокак и приватната детска градинка “Мали Чекори“.“Минт Групација“ исто така донираше професионален инхалатор на одделението за педијатрија, а донацијата е дел од нивното залагање да бидат компанија која применува општествената одговорност во нејзиното работење и во таа насока доделува помош на институциите со цел нивно поуспешно работење.

More from ВестиMore posts in Вести »