Press "Enter" to skip to content

Бензинот и дизелот од утре поефтини за половина денар

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) цената на дизелот и на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, односно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто.

Новата малопродажна цена на

ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 82,5 денари за литар,

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 84,5,

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,267 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,019 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »