Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсени девет прилепчани со три возила краделе во ЗИК “Пелагонија“, притвор за иселеник

На 10.03.2024 во 12.30 часот во село Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Н. (35), Б.Џ. (37), С.Р. (20), А.Р. (23), А.Р. (45), Е.Б.(32), Д.Д. (24), Е.К. (24) сите од Прилеп и Р.В. (61) од село Мажучиште, прилепско.  Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“. Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило фолксваген венто” со гостиварски регистарски ознаки и патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски ознаки, натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија“. Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.

More from ВестиMore posts in Вести »