Press "Enter" to skip to content

Меморандум за соработка на Библиотеката и Здружението на лица со телесен инвалидитет

Директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност Битола“ со седиште во Битола, застапувано од претседателот прим. д-р Нико Јанков.

Библиотеката со години работи на еднакви можности за сите лица кои живеат во нашиот град, а имаат некој вид на потешкотии.

Со овој меморандум, нашата библиотека и здружението само ја потврдија соработката. Дел од активностите предвидени со меморандумот се:

-взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата;

-учество, соработка и реализација на заеднички проекти;

-одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.; работилници за уметност и занаетчиство, промовирајќи ја креативноста и само изразувањето;

-часови со приказни за деца кои се фокусираат на теми за инклузивност, различност и прифаќање и уште голем број активности кои можат да се реализираат взаемно во просториите на нашата библиотека.

More from ВестиMore posts in Вести »