Press "Enter" to skip to content

Злато и бронза за битолските атлетичарки, членки на АК Олимп Битола (фото)

Одлични вести за битолската атлетика на стартот на новата сезона. На трката на 5 километри, која се одржа на Кавадаречкиот полумаратон, две атлетичарки на АК Олипм од Битола се закитија со медали.Дарија Крстевска го освои 1-то место, додека Антониа Крстевска го освои 3-то место. АК Олимп на оваа трка, го претставуваа и Искра Адамовиќ, Бојан Ѓеровски, Томе Кирјази и Лука Величковски.Овој тим на АК Олимп е под водство на тренерот Демир Даутовски, кој најавува дека допрва не очекуваат добри изненадувања од овој тим.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »