Press "Enter" to skip to content

“Фрајле“ вечерва повторно во Битола, очекуваме бескрајна љубов и срце полно со музика

Пред вечерашниот концерт во Битола на српска група “Фрајле“ преку вибер комуникација направивме разговор со трите “фрајле“, Наташа Михајловић, Невена Буча и Јелена Буча, кои го најавија вечерашниот концерт и одговорија на прашањата кои им ги поставивме, а преку bitolanews ги кажуваат очекувањата од вечерашниот концерт.

Публиката во Битола ве очекува… Што подготвивте за нив и дали ќе има изненадувања?

-Нашата турнеја започна со концерт во Белград, а Битола е вториот град на оваа регионална турнеја. Ние сме бенд познат по тоа што публиката пее со нас од почетокот до крајот на концертот, дека сите се на нозе и со топли гласови ја чекаат секоја песна. Премиерно ќе изведеме песни од новиот албум “Дневник душе“, но секако и песни кои ги сака публиката, како “Ночас си моје вино“, “Ich liebe dich“, “Ми требаш ти“, како и Јовано Јованке во нашиот аранжман, некои традиционални војводински песни, бидејќи ние сме војводинки од Нови Сад и тие ноти ги носиме со нас каде и да настапуваме.

По колку време доаѓате во Битола на концертот?

-Бевме таму пред 2 години и имавме незаборавен концерт. Доаѓаа луѓе од цела Македонија. Таквата љубов и почит од публиката за нас е најголемата награда и сон на секој пејач. Секогаш сме среќни што се враќаме овде, во Битола.Снимивте нов албум и се истакна песната “Пријател“ каде пее и македонскиот пејач Лозано. Како беше соработката?

-Со Лозано ја испеавме песната „Пријател“. И со Сергеј Четковиќ, Сања Долежал од Нови Фосил, Ади Сошет од БиХ, Лука Баси од Словенија. Лозано е прекрасен и соработката со него беше инспиративна, а духот на Македонија и даде посебен шмек на песната. Заблагодарете му за тоа. Целиот албум е достапен на YouTube и услугите за стриминг.

Што очекувате од концертот во Битола?

-Очекуваме бескрајна љубов, прегратки, срце полно со музика и насмевки Концертот секако ќе биде полн со емоции и ќе ни даде ветер во грб за почеток на оваа регионална турнеја.

Во нашата музичка креативна работилница има многу проекти, автобиографијата на Јелена “Како станав Фрајла“, која ги опишува авантурите на патот до успехот во изминатите 15 години. Врз основа на книгата е создадено кабарето „Како сам (п)остала фрајла“, чиј продуцент е Невена, а кој наскоро ќе се “игра“ во Македонија, каде нè играат три актерки од Нови Сад. Наташа има и своја музичка авантура, а синглот „Странац“.

Дамијана Ристевска