Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: со јавните претријатија повеќе пролетни активности

Општина Битола, ЈП Комуналец, КЈП Нискоградба и ЈКП Водовод, од утре започнуваат со спроведување на активности во рамките на „Неделата на пролетта“.

Активностите, во вторник започнуваат со чистење на диви депонии кај германските гробишта и месноста Кркардаш, а во среда планирано е уредување на Градскиот парк и замена на клупи и канти за отпадоци низ Широк Сокак.

Почетокот на пролетта ќе го означи и засадувањето на садници во Новиот парк во Нова Битола, а во петок, започнува со редовна работа кугланата во Спортската сала „Боро Чурлевски“.

„Неделата на пролетта“, го најавува почетокот на неколку проекти, кои се однесуваат на хортикултурно и инфраструктурно уредување на повеќе локации, кое општината ќе продолжи да го реализира од идната недела.

More from ВестиMore posts in Вести »