Press "Enter" to skip to content

Пелистер со денешната победа чекор поблиску до плеј-фот на АБА2 лигата

Пелистер – Борац 73:72

Во драматичната завршница “пресуди“ тројката на Костоски за минимална и голема победа на битолчани.

Екипата на Пелистер од Битоа  ја имаше таа чест да го отвори последниот турнир во Широки од АБА 2 лигата во оној регуларен дел од сезоната, а за противник ја имаа екипата на Борац од Бања Лука.

Натпреварот започна нерешено беше во воведните пет минути (7:7) до влегувањето во игра на Александар Костоски, кој набрзина реализираше осум поени, за првото опипливо водство за нашиот претставник (21:14). До истекот на првата четвртина таа позитива беше нешто пониска, (23:18). Костоски, потпомогнат од Стојановски, со две тројки, донесоа уште повисоки (29:20) на почетокот на вториот период, а во таа насока се играше најголем дел од вториот квартал.  Во последни две од првото полувреме, екипата од Бања Лука 39:36, а на одмор се отиде 40:36 за Пелистер.

На стартот на третата четвртина Борац со серија од 15:2 дојде во водството од 42:51, а потоа и на двоцифрен плус 44:56. Во последната четвртина се влезе со 51:60. “Пелистерци“ направија серија 7:0 за резултат 58:60, а по тројката на Најт, во 34 минута го вратија водството 63:62. Борец се врати во водство 67:72 на три минути до крајот. Планиниќ погоди за “три“ и 70:72. Костоски, најискусниот во нивните редови погоди уште една тројка, за ново водство на Пелистер на 39 секунди пред крајот 73:72, а потоа откако не примија кош победија.

Најефикасни кај Пелистер Планиниќ постигна 21 поен, Костоски 14. поени и Најт со 13.поени.

По 11 одиграни кола, Пелистер пет победи и шест порази и се во осумте дел од плеј-офот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »