Press "Enter" to skip to content

Ана Марија Јанковиќ млада режисерка: за моето детство се сеќавам на моментите кога одев на снимања со мојот татко и од мали нозе му помагав за се што можев, ако не само седев и гледав тој како прави… и учев (фото)

Жанета Ристевска

Гламурозен изглед на актерка, на црвен тепих во Холивуд … на премиерата на својот прв сериозен проект кракометражниот игран филм “АМИН“ ,  режисерка Ана Марија Јанковиќ, родена во Битола пријатно ги изненади присутните со темата на филмот кој е психолошки трилер, се опишува пострауматско искуство како последица на војната…  Младата Ана Марија Јанковиќ е студент на трета година на режија по потекло од Битола, живее во Скопје. Нејзините родители по потекло од Битола живееле до пред 14 години во Битола и своите кариери ги започнаа тука. Разговорот и фотографиите ги направивме после премиерата на кои харизматината Ана Марија плени со својата надворешна и внатрешна убавина.Кажете за себе…

-Секогаш кога ќе ме прашаат за моето детство се сеќавам на моментите кога одев на снимања заедно со мојот татко и од мали нозе му помагав за се што можам, ако не можев само седев и гледав тој како прави и учев. Ги имам најдобрите родители кои цел живтот  за се ми биле поддршка и биле покрај мене да ме поттикнат, мотивираат и да ме изведат на правилниот пат, а најбитно да ме охрабрат да продолжам кон моите цели и амбиции.

-Образование

-Кога дојде момент да се запишувам на факултет имав два избори меѓу кои се двоумев, едниот беше молекуларна биологија и генетика а вториот беше филмска режија. Неодлучна бев, па затоа ги запишав двата факултети паралелно, но љубовта кон режијата секогаш беше подоминантна од онаа за науките, па после првиот семестар на молекуларна биологија се откажав и си ги продолжив студиите кон режијата.

Со гламурозен изглед на актерка, на црвен тепих Холивуд на премиерата на вашиот прв сериозен проект кракометражен игран филм „АМИН“ можеби изненадување дека сте режисерка. Сигурно најубава…

-Многу често ми го поставуваат прашањето зошто не си актерка, совршена си за таа професија J Никогаш не сум имала амбиции кон таа професија, иако во средно школо глумев во школски претстави и бев активна во драмската секција, но од секогаш знаев дека ако се занимавам со филм тоа ќе биде од позади камерите. Да, луѓето се изненадуваат кога ќе им кажам дека студирам режија и дека веќе постапувам и работам сериозно и професионално, а сепак сум толку млада.Кажете повеќе од каде љубов кон режија, причини да се запишеш на   студии режија

-Љубовта кон режијата се роди од најрана возраст, прво како љубов да работам на филмски и рекламни сетови, а потоа како што повеќе ги разбирав позициите на секој член од екипата, се вроди и конечната љубов кон режијата. Причината беше таа што, секој ден се повеќе и повеќе сфаќав дека јас се гледам себе си само на филмски сет позади камерите да створам уметност, а најголема поддршка токму тоа да го студирам беше мојот татко.Присутните воодушевени од филмот психолошки трилер кој започнува со сцена и прва асоцијација кај мене која се јави според музика, сцена…како во добрите партизански филмови на Вељко Булајиќ „Битка на Неретва“, или „Сутјеска„ Стипе Делиќ. Кажете од каде идејата  за тема на филмот, избор на актери, место…

-Не можам да кажам дека имав една појдовна точка која ме инспирираше за да го напишам сценариото за овој филм. Со текот на годините се акумулираа различни интереси, бидејќи сум човек кој цело време истражува и се интересирам буквално за се и ако нешто посебно ми фати око го анализирам до срж. Така испадна и со сенариото за АМИН каде интересот кон фашистичка Германија и пост трауматката депресија и воопшто големата депресија во која западна Германија после Втората Светска војна. На еден начин се  споија личноста и карактерот на главниот лик во филмот Бенедикт сплотени со љубовта кон својот животен сопатник го доведуваат Бенедикт до грешни постапки и трагичен исход. Филмот се снимаше во планинските предели на Битола (Ниже Поле) во една обична дрвена куќарка.За главните актери на „АМИН“

-Актерите кои феноменално ги истолкуваа улогите на Бенедикт и Изабел беа нашите битолски актери Петар Горко и Маја Андоновска Илиевски. Како актер гостин се појавува легенарниот Петар Мирчевски кој ја толкува улогата на лекарот. Во продукција на стидиот “Генерал Дарио Јанковиќ“ и продуцент Дарио Јанковиќ, а директор на фотографија Кристијан Теодоров. Оригиналната музика е изработена од Димитар Андоновски. Другиот дел од битолската екипа ја сочинуваа сценограф и костимограф Зоран Николовски, а шминката беше дело на Стефанија Стојчевска. Сите на еден начин придонеса многу во секој сегмент на филмот, за да се добие крајниот ефект.Во филмот имаше и симболика слична како во филмовите на режисерот  Дејвид Линч, дали те инспирираше и  наведи ни кои се твои омилени режисери…кои те поттикнале да студираш режија и кои влијаат на тебе во работата.

-Омилени режисери ми се Тим Бартон, Дејвид Линч, Стенли Кјубрик и Луис Буњуел, ги обожавам нивните филмови и сцени.

Омилени актери

-Хелена Картер и Џони Деп.

За кариерата фото модел

-Многу случајно започнав да работам како фотомодел, кога мојата сегашна менаџерка ме исконтактира, каде првиот пат кога ме контактирање не бев заинтересирана и после година дена повторно ме исконтактира и тогаш на свои 17 години за прв пат работев за светскиот моден бренд GUESS.

-Идни планови

Се подготвуваме за идни проекти кои ќе бидат доста интересни за публиката но нема да откривам многу ќе оставам да биде изненадување.

За крај

-Сакам да им се заблагодарам до луѓето кои беа покрај мене и ме поддржаа во овој проект а тоа се Универзитет Скопје и Аце Миленковски на кои сум бескрајно благодарна што го препознаа и поддржаа мојот талент. Преголема благодарност до хотел и бистро Бела Куќа кои беа задолжени за сместувањето и кетериногот, тие се едни прекрасни луѓе и немам зборови со кои можам да им се заблагодарам. И најголемо благодарам на мојот татко кој е најзадолжен за реализирање на овој филм.Младата Ана Марија Јанковиќ е на почетокот на својата кариера и од неа не очекуваат уште многу други интересни проекти и филмови, за кои ќе пишуваме.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »