Press "Enter" to skip to content

Ангела и денес со медал, бронза во слалом, Јаков задоцни 20 “стотинки“ за медал

И денес, како и вчера, двајцата млади скијачи на ски клубот Пелистер од Битола се натпреваруваа на патеките на на хомологираната патека на скијачкиот центар Арџена во Косово се одржа првата меѓународна детска трка ФИС Дарданија Куп во дисциплината слалом, а се натпреваруваа 27 натпреварувачи од 4 земји во две возрасни групи, У14 и У16.

Ангела Ристевска освои бронзен медал во слалол, а по вчерашното сребро тоа е втор медал за два дена, што е голем успех за неа, со оглед на тоа што само со некој ден тренинг постигнува одлични резултати.

За разлика од Ангела, на Јаков Мицевски му недостигаа само 20 делови од секунда да стигне до медал, и за негова жал се пласира на 4. место во слалом.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »