Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со трактор оштетил врата од казино и столбчиња од парк, каснувања од кучиња скитници

На 19.03.2024 во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 40 годишник од Битола. Тој се сомничи дека на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња од парк пред влезот на казиното. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.03.2024 во СВР Битола, В.Ѓ. (35) од Битола пријавил дека кај месната заедница „Тодор Ангелевски” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 18.03.2024 во СВР Битола, М.К. (23) од Битола пријавила дека во с.Долно Оризари, битолско, била касната од куче скутник.

More from ВестиMore posts in Вести »