Press "Enter" to skip to content

Битолчани и вечерва ја испочитуваа традицијата во чест на 40 маченици, се искачија на Кркардаш, на Баирот, над Битола (фотогалерија)

Сигурно повеќе илјади битолчани вечерва 21, наспроти 22 март битолчани, пред се помлади, се искачат на Баирот над Битола. Битолчани ја испочитуваа вековната традоција, го посетија манастирот посветен на Светите четириесет Битолски и Севастополски Преподобни Маченици, или како битолчани го викаат Кркардаш, да ја испочитуваат традицијата, да се помолат за здравје и запалат свеќа.-Вечерашното топло време, иако со ветер, на првиот пролетен ден, продонесе улиците низ Баирот да се полни, насекаде куќите полни со луѓе, гости, скалите за искачување и дворот на манастирот преполни, тешко се врви, за разлика од лани кога, денес вечер, спроти празникот, кога врнеше дожд, ни рекоа баирчани уште на искачувањето на Кркардаш. Кога дојдовме во дворот на манастирот, домаќите не пречекаа и ни рекоа како и секоја година, така и вечерва се подготвени да ги пречекаат битолчани, кои ретко во други денови го посетуваат манастирот, иако пределот околу него е преубав за рекреирање, цел ден на сонце.-Ние направивме и оваа година одбележувањето на празникот  “Св. 40 Маченици“ да помине како треба, а Господ ни подари убаво време вечерва. Се одржа вечерната Богослужба, а утре рано ќе ја имаме и Утринската Богослужба, па сите оние кои не дојдоа вечерва тоа може да го направат утре, за кога очекуваме и битолчани да дојдат од раните утрински часови. Ние баирчани сме секогаш тука, да ги пречекаме нашите сограѓани прво на Манастир, а потоа и дома на гости, како било и години наназад, ни вели Ицо Тасевски кој секога година е “сместен“ на влезот во манастирот. Во Манастирот, свештеници од преспанско-палагониската епархија претходно ја одржаа богослужба, а голем број битолчани стрпливо чекаа да ја целуваат Иконата на светите маченици.Битолчани оваа година го видоа и големиот манастирски лустер, како велат, со сто сијалици, подарок за манастирот од битолчанецот Игор. Но, домаќините додаваат дека имаат проблем со покривот на манастирот и не можат на некои места да ги насликаат фреските, а ќе побараат утре од градоначалникот и малку асфалт.Не само лицата кои се задолжени околу организацијата на службата, подготвени беа и тезгите на кои битолчани купуваат “шеќерна волна“ и “шекерни јаболчиња“, за што Раде кој е препознатлив за сите деца од Битола со неговата “шеќерна волна“ вели дека утре ќе дојдат дечињата да се израдуваат, а секако и повозрасните, да се присетат на младоста.Вака го личи денот, на Кркардаш, со многу народ, со битолчани, фала му на Господа. Ние како и секоја година им служиме на Светците, а во текот на целата година да помагаме да се одржува манастирот. Секако тука со нас секогаш е Саше, кој не фоторгафира за историја за некој некогаш да се сети на нас. Ние сме секоја година тука, и за време на Короната, кога беше најтажно, кога уште во 9 часот го затворивме манастирот. Па наредната кога имаше снег, но да се надевам оминаа тие лоши времиња, вели Тасевски, а со него е и Петар Митров, дел од екипата домаќини и секако и со синот на Петар.Но, и останатите Баирчани се “зафатени“ со празникот, а покрај тоа што редовно се на Манастир, тие ги имаат отворено вратите од своите домови за гостите од цела Битола. Вечерва на Кркардаш, на оваа света вечер се будат спомени, но и се раѓаат спомени, ја сретнавме мадиот Петар кој ни рече:-Ова е празник на Битола, но најмногу за нас, Баирчани. Овој ден за моето семејство кое живее на Баирот, бил секогаш и ќе биде голем празник, а сите од тука имаме дадено некаков придонес за изградбата на Кркардаш, за да изгледа вака како е сега. Ме радува што традицијата продолжува, тука, на Манастор, како ние велиме баирчани. Сакам да им го честитам празникот на моите Баирчани и на сите битолчани. Посакувам секогаш Манастирот да биде полн со верници, а домовите на Баирчани полни со гости од цела Битола.А, дека традицијата и гостопримството кои ги негуваат Баирчани ќе продолжат, доказ  е тоа што секој баирчанец ќе биде пријател “од долу“ му упатува покана “за на гости“.По вечерното бдеење  наутро на Кркардаш  ќе се одржи  Света божествена литургија, на која се очекува да има голем број на верници. Утрешниот ден ќе дојдат оние кои не дојдоа вечерва на Кркардаш, да запалат свеќа и да се помолат на Светите 40 маченици за здравје и среќа. 

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »